Собранието ја констатира оставката на пратеникот Тунтев

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната пленарна седница ја  констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев не ја образложи својата оставка. Тој ќе ја преземе функцијата директор на  Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Неговото место во пратеничките клупи го зазеде Рубин Земон, кој беше посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации на премиерот.