МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ “ГРАБИ” КОН ВРВОТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не дозволија изненадување во заостанатиот натпревар од 10. коло, со АБ Охрид, победија со 77-62 и ја смалија предноста на Работнички кој е лидер на табелата на 5 бода.  Аеродромци имаат и еден натпревар помалку бидејќи поради настап во АБА-лигата го одлоѓија натпреварот со Пелистер.

Најдобри во победничката екипа беа Дамјан Стојановски со 19 и Бојан Трајковски со 15 поени.

Ова беше и последниот натпревар од домашното првенство за оваа година. Кошаркарите се на распуст до 13 јануари, кога почнуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Табела: Работнички 22, Блокотехна 20, Куманово 18, Гостивар 18, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), Фени индустри 17, Карпош Соколи 16, АБ Охрид 15, Кожуф 14, Шкупи 13, Пелистер 12 (-1), Струмица 12

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *