Писмена реакција за интервјуто на Катја Манева за ЕУ Обсервер

Почитувани,

Поранешната началничка на одделението за издавање на државјанства во Бугарското Министерство за правосудство, Катја Манева, ја кажа суровата вистина. Македонците кои од економски причини барале Бугарски пасоши биле регистрирани на адреса на бандера во некое Бугарско село. Овој огромен скандал ја потврдува Бугарската стратегија по секоја цена да побугарчат што е можно повеќе Македонци. Минатата година официјална Софија ја уцени Албанија и со притисок ја натера во Законот за малцинствата да вметне постоење на Бугарско малцинство. Европскиот Парламент направи огромна неправда кога ја прифати иницијативата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, за признавање Бугарско малцинство во регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора, каде живеат исклучиво Македонци. Во ноември 2017, Потпретседателската на Бугарија, Илијана Јотова за време на посетата на Македонското село Шиштевац во Голо Брдо провоцираше со ветување за отворање на училишта за изучување на Бугарски јазик во тој регион.

ПОМИНА ЕДНА ГОДИНА ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА И НИШТО НЕ СЕ СМЕНИ! СЕ ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ, СЕ ОСТВАРУВА! ДО СЕГА НАЈВИСОКИТЕ БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ СО НИТУ ЕДЕН ЧИН НЕ ПОКАЖАА ДЕКА ГО НАПУШТИЛЕ НЕГАТОРСКИОТ ОДНОС КОН НАС! БУГАРИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НАМЕСТО КАРАКАЧАНОВ ДА ОДГОВАРА ЗА СКАНДАЛОТ СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ, ТОЈ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОМУ НЕ ДАЛ МАНДАТ ДА ГИ РАСПРОДАВА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОРАЗЕНИ!

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА, СОГЛАСНО ЧЛЕНОТ 13, ТОЧКА 3, СО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ СРЕДСТВА ЌЕ СЕ БОРИ МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *