Предание за големиот крст и црквата Света Богородица

ПРЕДАНИЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КРСТ И ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА

„У новоселската црква до ден денеска се чува големијо и главен крст за Штип. У него, викат старите, има ставено парче од „чеснијо крст“ на кој шо бил распнат лично Исус Христос. Тој крст денеска се чува у Русија, а порано од него сечеле по малку и праќале у најголемите православни цркви. Нашата Света Богородица је најголема црква у Македонија у која ошче оде народ. Те, затоа, на неа и испратиле парче од „чеснијо крст“.

(К. Донски, Пред.7)

МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ

Манастирот Трескавец, тоа значи Света Богородица, е изграден високо на планината Златоврв во близината на Прилеп. Старите прилепчани името на планината го поврзувале со верувањето дека на нејзиниот врв во старо време растело едно златно јаболко. Кога сонцето ќе го огреало врвот на планината од сите страни блестело златното јаболко. Тоа се гледало дури од Солун. Што се случи со јаболкото, никој не може да ни раскаже.

На сред планина има една пештера. Во пештерата има посница. He ce знае кој живеел во таа планина, но од посникот останала една коска. Луѓето веруваат дека таа коска има лековити својства. Честопати се случува да доаѓаат тука и да ја бакнуваат коската за здравје. Веднаш до испосницата има една рамна рудина каде што е изграден манастирот Трескавец.

Се прикажува дека тој бил изграден пред илјада години. Некогаш во него живееле тристотини калуѓери. Значи бил доста голем и многу убав. Манастирот бил прочуен се до Белото и Црното Море.

345

Манастирот Св. Богородица – Трескавец

Bo тоа време некоја царица шетала по светогорските манастири. Никој не знаел, па и сега не знае, како се викала таа. Царицата сакала да се исповеди и да се причести. Барала поп кој ќе може да ја сослуша и да ја благослови, но никаде не можела да најде таков каков што самата си го замислила. Така шетајќи од манастир до манастир слушнала за манастирот Света Богородица во близината на Прилеп.

Co многу војска пристигнала пред манастирот. Кога калуѓерите од манастирот од далеку ја забележале царицата со восјката, се уплашиле да не го нападнат манастирот и силно ги затвориле портите. Царицата со добро ги молела калуѓерите да и ги отврат портите и да ја пуштат внатре, но тие никако не сакале да отстапат. Стравот бил голем. Тогаш царицата и наредила на својата војска со сила да го заземат манастирот.

По неколкудневни борби, царицата победоносно влегла во манастирот. Наредила сите калуѓери да бидат фатени и заколени како јагниња сред црквата. По овој чин царицата си заминала. Господ, налутен од тоа што се случило во манастирот, наредил крвта од калуѓерите да оживее во вид на некој страшен ѕвер каков што никој досега немал видено.

Ѕверот го запоседнал манастирот и не пуштал никој да влезе во него ниту, пак, да се движи околу него. Стотици луѓе имало тука погинато. Поминале многу години. Од страв веќе никој не се доближувал до манастирот. А тој почнал да пропаѓа. На населението од Прилеп и околината многу му било тешко и жал што манастирот се запустил. Народот долги години го молел Бога да го уништи ѕверот и населението повторно да може слободно да оди во манастирот.

На ден Богородица, прилепчани и варошани и селаните од други села биле собрани во Варош во црквичето Причеста. За време на богослужбата се слушнал страшен тресок од зад Марковите Кули. Сите се уплашиле. Се запрашале меѓу себе:

– Бре, што е, што се случило, дали земјата пукнала, дали некоја спила паднала од Златоврв?

Овчарите што ги паселе овците на планината Златоврв виделе како еден гром од ведро небо удрил врз манастирот. Веста се проширила низ цело Прилепско. Поминале неколку дена и неколку посмели луѓе решиле да одат до манастирот и да видат што се случило. Се наоружале добро и заминале. Разгледале насекаде убаво, прво во околината на манастирот, а потоа влегле и внатре. Во црквата го виделе ѕверот убиен врз коските на калуѓерите.

manastir

По смртта на ѕверот, прилепчани се собрале, ги поправиле сите оштетени делови на манастирот и тој повторно си го заживеал својот живот како и порано. Од страшниот гром што од ведро небо паднал врз манастирот и од тресокот што се слушнал надалеку, народот го нарекол манастирот Трескавец.

Некои, пак, велат дека оттогаш пропаднало и златното јаболко. Но, планината си го зачувала името Златоврв. Долги години народот погледнувал кон врвот да го види златното јаболко, но тоа веќе никогаш не се покажало. Останало само да се зборува за него, а името на планината потсетува на златното јаболко на нејзиниот врв.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *