Зголемување на конкурентноста, сивата економија, правната стабилност и предвидливоста во приватниот сектор претставуваат клучни предизвици за бизнис секторот, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, на состанокот на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство.
На состанокот претседаваа, Османи, во улога национален ИПА координатор и шефот на одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини.
– Владата е сериозно посветена во напорите да обезбеди соодветни услови за водење бизнис, особено во рамките на реформскиот процес кој произлегуваа од европската агенда, истакна Османи, посочувајќи на планираните мерки кои се содржани во новиот реформски План 18, а ќе имаат соодветен импакт во зацврстување на принципот на владеење на правото, борбата против корупцијата, но и борбата против сивата економија, унапредвуање на ефикасноста на судството…
Додаде дека целиот процес на европски интеграции е во насока да се обезбедат подобри услови за земјоделците, за претприемачите, секако иноваторите и сите сегменти од бизнис секторот.
Во рамки на состанокот со свои презентации учествуваа донаторите, претставниците на ресорните Министерства, при што заеднички беше констатирано дека напредокот во ИПАРД е очигледен и тоа преку реализацијата на проектите како и склучените 940 договори со лицата кои успешно аплицирале од првиот повик во вкупен износ од 18 милиони евра.
На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, донаторите во земјава како Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, претставници на четирите Стопански комори во РМ како и претставници од ресорните Министерства.
– Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период и истите се одржуваат два пати во годината, соопштија од Кабинетот на Османи.
This article was very informative and engaging. Im eager to hear others’ opinions. Che