Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец во Куманово

Полицискиот службеник Ѕвонко Деспотовски од СВР Куманово и пожарникарот Стефан Крстевски од Територијалната проитвпожарна единица Куманово се прогласени за најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски организираше свечен прием во општината и им подари часовници. Двајцата се предложени од нивните институции и претпоставени како вработени кои доследно ги извшувале задачите. Димитриевски им честиташе за успешната година, посакувајќи им здравје, среќа и успех, нагласувајќи дека овие институции придонесуваат за безбедноста во градот. Тој информираше дека наредната година ќе се обезбедат нови униформи за пожарникарите.

– Во 2018 година веќе во тендерска постапка распишана за набавка на нова основна опрема на пожарникарите во нашата општина обезбедени од сопстевни средства и ќе продолжиме технички да се доопремуваме согласно нивните барања, изјави Димитриевски.

Полицаецот Ѕвонко Деспотовски 27 години работи во СВР Куманово. Тој рече дека наградата е мотив за уште поуспешно ивршување на задачите. Им порача на младите доследно да ги извршуваат задачите.

– На младите им порачувам да бидат дисциплинирани, да имаат добра соработка со граѓаните, да ги почитуваат наредбите на претпоставените старешни и да ги извршуваат што е можно подобро дадените работи и задачи, истакна Деспотовски.

Пожарникарот Стефан Крстевски информираше дека четири години работи во Противпожарната единица. Најави дека и натаму ќе работи во интерес на граѓаните.

– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, командирот и сите мои колеги без кои не би можел да стигнам до оваа награда, рече Крстевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *