Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, денеска ќе го одржи вториот работен состанок на кој се очекува да биде презентиран предлог законско решение за помирување за дел од учесниците во настаните во законодавбиот дом од 27 април минатата година.
Премиерот Зоран Заев кој учествуваше на вториот состанок на Телото за помирување рече дека постои политичка волја да се спроведе процесот, но нагласи црвените линии не смеат да се преминуваат.
-Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите. Имаме потреба да направиме јасна дистинкција и разграничување. Секако пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и поарака на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев.
Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека трите процеси на интеграција, реформи и помирување одат заедно, а особено значаен е процесот на помирување кој треба да ја подобри општата атмосфера во државата.
-Ние сме транспарентни и се надеваме дека ќе охрабриме и други паретници да се вклучат во овие процеси, рече Александрова.
Координативното тело за помирување брои 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи. Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.
Insightful read! I found your perspective very engaging. For more detailed information, visit: READ MORE. Eager to see what others have to say!