Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст, рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.
-Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени, рече меѓу другото премиерот Заев.
Тој посочи дека Договорот со Грција оозможува почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик, најверојатно вели, заради грчкото лобирање.
-Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признаена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања, рече Заев.
Ректорот на Универзитетот Нано Ружин, истакна дека со Договорите со Бугарија од 1 август 2017 година и со Грција од 17 јуни годинава, се затвора македонското прашање, но само ако станеме членка во НАТО. Песимистичкото сценарио вели, значи повторно актуелизирање на македонското прашање, држава без име, со голем интеерс на разни сили да го зголемат влијанието и своите интереси со потенцијал напнатостите да ги претворат во локални конфликти.
-Со еден интелигентен дипломатски потег и со многу храброст се надминува нашиот проблем, кој е од врвен национален интеерс и неговата реализација е од најголем предизвик за сите генерации што се тука. Затоа отворено давам поддршка за употреба на сите легални средства на оваа Влада и премиерот за да го решат ова прашање и да одговориме на прашањето за тоа каде одиме? Одиме во НАТО, во ЕУ одиме на стабилен Балкан, одиме на нов сојузник – Грција, одиме на стабилизација. И затоа актерите на овој настан заслужуиваат меѓународно признание, рече Ружин.
Универзитетскиот професор Темелко Ристовски истакна дека со четирите уставни амандмани на најдобар и најефикасен можен начин се имплементира спогодбата со Р Грција во Уставот на РМакедонија што в прочен е и обврска на нашата држава. Тој изнесе и забелешка на четвртиот амандман со предлог за бришење на точката 3 од овој амандман, „Република се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство“ бидејќи, според него, е дискриминирачка по однос на припадниицте на другите етнички заедници со македонко државјанство кои живеат во странство. Втората алтернатива, која ја смета за помалку прифатлива, нагласи е 3 точка да се прошири со додавање „и за припадниците на албанскиот, турскиот, српскиот, бошњачкиот народ и припадниците на други народи кои имаат македонско државјанство“.
-Предложените нацрт амандмани на Уставот во целост кореспондираат со останатиот текст на Уставот, со мирољубивата политика на Републиката и со нејзините аспирации за членбство во ЕУ и НАТО, затоа ве повикувам да ја поддржиме Владата на РМ и сите прогресивни сили во нашето општество. Со измените на Уставотширум се отвора врата нашата држава да стане членка на НАТО, а ние да станеме дел од големото европско семејство на народите, на нас таму ние местото, рече Ристовски.
Денешната дебата на ФОН беше втора од предвидените пет за уставните измени. Првата се одржа вчера во Владата, а беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор. Следната јавна расправа за нацрт-амандманите на Уставот е утре во МАНУ.
По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај од јавната расправа до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.
This article was very well-written and informative. Im curious about others’ opinions. Click on my nickname for more interesting reads!