Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање не ги коментираше изјавите на премиерот Зоран Заев за македонскиот јазик и Македонците во Грција. Столтенберг не сакаше да влегува во детали за изјавата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, дека разговарале за овие изјави на Заев ниту дали тие се проблем за Преспанскиот договор и влезот во НАТО.
-Имавме добра средба со грчкиот алтернативен министер и утре ќе имаме средба каде ќе разговараме за Западниот Балкан вклучително и Договорот за името, рече Столтенберг.
Тој ги повтори истите пораки на НАТО дека Македонија ќе биде примена како 30-та членка на Алијансата штом се комплетира Договорот од Преспа.
-Се надевам дека ќе биде целосно имплементиран, штом тоа се случи ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол и да ја примиме ПЈРМ како триесетта членка, рече Столтенберг.
Тој рече дека ќе се “воздржи“ од детали и посочи дека сите НАТО – членки се сложни да ја примат Македонија под новото име, Северна Македонија, штом се имплементира Договорот.
-Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, рече тој.
Fantastic article! Your perspective on this topic is truly insightful. For those looking to explore this further, I found an excellent resource that complements your points: READ MORE. I’m eager to hear what others think about this!