Писмена реакција за интервјуто на А.Вучиќ

Почитувани,

Српскиот Претседател, Александар Вучиќ во вчерашното интервју ги засили и потврди сомневањата кои подолго време ја окупираат Македонската јавност. Додека немакедонската Влада се прави наудрена, Вучиќ ја раскажа целата рута на движење на Груевски и побара од македонските власти одговор зошто чекале толку време да распишат меѓународна потерница. Целиот скандал уште повеќе „смрди“ после јавното тврдење на адвокатот на Груевски, дека тој лично му се јавил од странски број од Унгарија за што според него МВР морале да имаат информација. Тешка брука за предавниците е што денес Унгарските медиуми објавуваат дека на Груевски веќе му е одобрен азил, а Министерката за правда, Рената Десковска изјавува дека дури утре ќе биде поднесено барањето за негова екстрадиција. ПОСЛЕ СВАДБА – ТАПАНИ! Уште повеќе, крајно симптоматична е најавата на Заев дека е можна амнестија за обвинетите за 27 април. Оддеднаш тој што тврдеше дека Мицкоски му бара амнестија, а овој демек не му дава, сега, откако обезбеди 80 пратеници за Уставни измени, самиот е великодушен. Е што е МНОГУ, МНОГУ Е!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ ВЕРУВА ДЕКА СЕТО ОВА Е СЛУЧАЈНО! ПРЕДАВНИЧКОТО СЦЕНАРИО ВИ Е МНОГУ ПРОВИДНО!

Македонската Алијанса ги повикува предавниците да излезат јавно и да кажат дали сета оваа фарса е смислено сценарио за отргнување на вниманието од Уставните измени и злосторството што уценетите и корумпирани политичари му го прават на Македонскиот народ? Дали сето ова е договорено во еден елитен хотел во Скопје во четири очи? Зошто случајот Груевски се развлекува со денови? Зошто смислено и се дозволува на јавноста да се занимава со наводно „мистериозното“ бегство на Груевски, за да не зборува за предавството на Заев, Димитров и Шекеринска? Дали нова амнестија треба да го анестезира Македонскиот народ и да го одврати од демократската битка за зачувување на светото Македонско име и идентитет?

ПРЕДАВНИЦИ СТЕ СЕ ПРЕИГРАЛЕ! ГО ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е! И ДА ГИ ИЗГЛАСАТЕ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ, БАДИЈАЛА ВИ Е! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО. ЌЕ СЕ СООЧИТЕ И СО ПОЛИТИЧКА И СО КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА! МНОГУ БРЗО ВИСТИНСКИТЕ ПАТРИОТИ ЌЕ ГИ ПОБЕДАТ ПРЕДАВНИЦИТЕ И НА ДЕЛО ЌЕ ПОКАЖАТ КАКО СЕ БРАНИ ТАТКОВИНАТА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *