Прилепската локална самоуправа ги покани граѓаните на заеднички пречек на Новата 2018 година со обемна програма, а прославата има голема хумана цел – сите се вклучуваат доброволно, а парите од прославата се наменети за отворање Дневен центар за деца заболени од церебрална парализа, рече денеска градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, најавувајќи ја програмата за пречекот на Новата 2018 на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
– Пречекот на Новата година што го организираме е различен од досегашните. Ќе има многу забава, жива свирка, но и хумана цел и порака. Одлучивме парите годинава да ги пренамениме за отворање Дневен центар за децата заболени од церебрална парализа, рече Јованоски.
Програмата во пресрет на Новата Година е обемна и вклучува повеќе манифестации уште од четврток 28 декември. Новогодишните настанит започнуваат со свечен новогодишен концерт на класична музика, в четврток, 28 декември од 19.30 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“. Истата вечер, од 21 часот ќе бидат доделени наградите за првите три места од турнирот во мал фудбал што се одржува секоја година по повод патронот на градот „Свети Никола“.
В петок од 19.30 часот ансамблот на народниот театар „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Клетници“ според Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски. В сабота во 12 часот, најмладите љубители на театарот ќе може да уживаат во детската претстава „Аладин и волшебната ламба“ во Домот на културата „Марко Цепенков“. Од 12 до 14 часот, в сабота, двајца ди-џеи на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ ќе се погрижат за веселото предновогодишно расположение.
– На 31 декември, в недела, за пречекот на Новата година програмата ќе почне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од 22 часот и ќе трае до еден часот по полноќ на 1 јануари. Покрај бината ќе има 8 пунктови со топли напитоци, колачи, прилепска скара, пици за сите посетители. Младите ќе се дружат со ликовите од цртаните филмови, ќе има пуканки, топол чај и задолжителниот Дедо Мраз. За веселото расположение ќе се погрижат групата „Д фор“ и Блага Петреска, рече Јованоски.
Прилепскиот градоначалник нагласи дека сите во Прилеп се огласија за доброволното организирање на прославата.
– Дневен центар е потребен зашто во општината има околу 100 деца заболени од церебрална парализа на кои им е потребно, на овој начин, вклучување во заедницата, а во Центарот ќе помагаат нивните родители. Нашата хуманитарна цел ја препознаа и ја поддржаа невладините организации, прилепските угостители, еснафот, институциите во прилеп, пред се, од културата, извидничкиот одред „Феникс“, угостителското училиште од Крушево, АРМ, спортистите, естрадните уметници. Сите ги ставија своите услуги на располагање, нагласи Јованоски.
Уметниците кои ќе го одржат концертот на класина музика сесрдно ја поддржуваат оваа иницијатива.
– Иницијативата е прекрасна уште повеќе поради целта. Ова е прв пат да се одржи концерт на класична музика во пресрет на Новата Година. Во секој случај, помага и за развојот на музичката уметност во Прилеп. ќе подготвиме посебна програма во духот на прославата на Новата Година, вели музичарот Гоце Секулоски.
Од здружението на жени „преродба“ велат дека се вклучуваат да помогнат во прославата и несебичната хумана цел.
– Веднаш се склучивме во оваа прослава на Новата Година. Жените од здружението се вклучуваат во помагањето при поделбата на пијалаците и храната за новогодишната ноќ, вели Лилјана Ѓорѓиеска, претседател на здружението „Преродба“.
PMID 35577774 Free PMC article dapoxetine priligy uk