Имајќи ги предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг потребно е да се обезбеди целосно вклучување на сите релевантни чинители во овој процес, вклучително и граѓанскиот сектор, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на денешната средба со претседателката на Европското движење во Република Македонија и координаторка на Националната конвенција за Европска унија на Република Македонија (НКЕУ-МК), Милева Ѓуровска.
Истакна дека инцијативата која ја започнала Националната конвенција за одржување на дебати за теми поврзани со процесот на европска интеграција е од особена важност.
Целта на денешната средба е зајакнување на соработката на Секретаријатот за европски прашања со НКЕУ-МК, а особено во контекст на актуелниот скрининг процес, како и подготовка на сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори.
-Со оглед на тоа што е започнат процесот на мапирање на државни институции, граѓански организации со кој имаме цел да ги идентификуваме националните експерти, очекувам и вие како НКЕУ да придонесете согласно експертизата која ја поседувате, со што би се конкретизирала и зајакнала нашата заедничка соработка во скрининг процесот, заклучи Османи.
Соговорниците изразија задоволство од досегашната активна соработка на претставниците на Секретаријатот за европски прашања и НКЕУ-МК и изразија подготвеност за продлабочување и проширување на истата.
Great read! The author’s perspective was fascinating and left me with a lot to think about. Let’s discuss further. Click on my nickname for more thought-provoking content!