Писмена реакција за амандманите на БЕСА и Алијансата на Албанците

Почитувани,

 

Заради слабостите и неспособноста на немакедонската Влада постои сериозна опасност Македонскиот народ да стане гостин во сопствената Татковина! Албанскиот политички фактор продолжува да си ја доживува Македонија како сопствен плен!

 

Наместо да уценуваат со нивните барања за изедначување со Македонскиот народ, Села и Касами треба да објаснат зошто никогаш не побарале во овие 27 години, Албанските Влади да НЕ признаат под Уставното име? Зошто не се залагаат Македонците во Албанија да ги уживаат истите права како Албанците во Македонија? Нели Законот за двојазичност беше последното нивно барање со кое наводно целосно се заокружувал Охридскиот Рамковен Договор? Што е следно, ќе побараат бинационална надворешна политика? Кога ќе престане ова лудило и силување на Македонскиот народ? Ова ли се ЕУ и НАТО вредности за кои наводно се залагаат Заев, Димитров и Шекеринска? Вака ли ја замислуваат Европска Македонија? Резултатите на референдумот покажуваат дека и на Албанците им е доста од национализмот на партиите. Сакаат да живеат подобро и да им се решат нивните економски проблеми, а не да им ги обезбедуваат привилегиите и фотељите на нивните политички претставници.

 

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ МОРА ДА СОБЕРАТ СИЛА И ДА КАЖАТ АМАН ДОСТА Е ОД ПОНИЖУВАЊАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! СЕ ИЗГЛАСА ДВОЈАЗИЧНОСТ И ТОА НЕ Е ДОВОЛНО! ТАТКОВИНАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РАСПРОДАДЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ!

 

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *