Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија

АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ НА ХИМАЛАИТЕ ПРЕНЕСЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ ИЗВОРИ

Според книгата на Канаѓанецот Џон Тобе „Народот Ханза”, во уставот на таа хималајска држава пишува дека Калешите се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време прифатиле исламска религија, но си ги чуваат своите стари традиции. Стив Пљакас и Мајкл А. Димитри на патувањето во Пакистан наишле на интересна симболика – сонце и розета од цвеќето здравец. Инаку, цвеќето здравец се наоѓа во кругот во средината на сонцето на златниот ковчег од Кутлеш (Вергина – Палатица) и е придружен елемент, речиси, насекаде во Македонија заедно со сонцата

 Според текстот во „Нова Македонија“, објавен на 2 октомври 1995 година, а се однесува на патувањето на Стив Пљакас, меѓу другото, се вели дека на Хималаите, во најисточниот дел од Пакистан, живее племе кое се разликува од сите наоколу. Тие се високи и русокоси. Имаат своја автономна држава која ја нарекуваат Ханза или Најза-кут, а говорат бурошаски јазик и се сметаат себеси за Македонци, потомци на Александар.

За нив македонската јавност за првпат дозна во 1992 година преку контакта емисија на МТВ. Македонците од Австралија, Америка и Канада веќе подолго време пројавуваат интерес за нив и летово беше испратена извидувачка екипа да прибере првични податоци на самото место.

Според книгата на Канаѓанецот Џон Тобе „Народот Ханза”, во уставот на таа хималајска држава пишува дека се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време прифатиле исламска религија, но си ги чуваат своите стари традиции.

stiv-pljakas-2

Во книгата „Дневникот на полковникот Лоример“, издадена во Норвешка во 1934 година, се наоѓа извесен фонд зборови на тој народ. Германскиот експерт за санскрит д-р Херман Бергер, во 1935 година објави студија во која за јазикот на народот Ханза, бурошаскиот јазик, вели дека според мелодичноста наликува на баскискиот јазик. Баскискиот јазик, пак, има акцент на третиот слог од десно налево, исто како македонскиот јазик, а д-р Олга Луковиќ-Пјановиќ, по триесетгодишна работа на Сорбона, напиша дека Баскијците „говорат српски“, подразбирајќи ја под тоа Цвијиќевата теза од 1937 година, дека најархаични зборови има во „српскиот“ јазик од околината на Велес.

Д-р Херман Бергер ја исклучи можноста за сличност на тој јазик со грчкиот. Од пред извесно време во Австралија м-р Илија Чашуле ги проучува зборовите од „Дневникот на полковник Лоример“. Притоа има издвоено околу 200 зборови кои ги групира, главно, како македонски, извесен дел влашки, малку албански и сосема ретко грчки.

Д-р Лидија Славеска, пак, утврди многу повеќе сличности на мноштво од тие зборови според етимолошка анализа. Илија Чашуле, на пример, укажува дека има зборови кои се зачувани единствено во сегашниот македонски јазик со исто значење: ’рмбам, барам…

Според кажувањата на Македонците од Торонто, Џон Тобе собрал близу 1.000 зборови кои ги разбирале Македонците. Меѓутоа, при обидот да ги презентира во Атина пред дваесеттина години како нов доказ за потеклото на Александар Македонски според неговиот јазик зачуван кај потомците на Хималаите, тој не се вратил од Грција каде што „ненадејно“ починал дента кога требало да го презентира својот труд.

stiv-pljakas-3
Игри на Калешите

Меѓу Македонците на Хималаите престојуваше телевизиска екипа од Шведска која во 1982 година прикажа емисија во која Македонците од Шведска препознаа македонско оро, музика, инструменти и носии. Во 1988 година шведската телевизија прикажа нов филм (со компарација) „Folken frum Balkane“ во кој е направена паралела меѓу снименото на Хималаите и снименото во Македонија, во Истибања, Кочанско, со локалното фолклорно друштво. Сличностите биле за вчудоневидување.

Во месец јули 1995 година на сопствен трошок прва македонска екипа отиде меѓу луѓето што се сметаат себеси за потомци на Македонците на Александар Македонски.,. Собраниот  снимен материјал допрва треба да се проучи од фолклористи, лингвисти и други стручњаци од други области за потоа, по потреба , да се испрати специјализирана експедиција.

Првата импресија од патеписот на Стив Пљакас предизвикува интересирање. На пример, за синооките и русокоси на Хималаите со компарација во изворите. Македонците во античко време во изворите се опишани како русокоси и високи (Плутарх, Квинт Куртиј Руф). Самиот Александар имал руса коса, златеста и едно сино око, а неговиот војсководец Еригеј имал, речиси, бела коса.

Во описот од Куртиј Руф пред навлегувањето во Индија, Македонците се опишани така што неколку тамошни народи не им стигнувале до рамениците, што е релативен поим. Антрополошките мерења на коските на Пеонците во Република Македонија говорат за релативно високи луѓе за тоа време (161-171 см, па и повеќе).

Стив Пљакас и проф. Мајкл А. Димитри, чие потекло е од Егејска Македонија, на патувањето во Пакистан наишле на интересна симболика – сонце и розета од цвеќето здравец. Цвеќето здравец се наоѓа во кругот во средината на сонцето на златната касета со коските на Филип Македонски во Кутлеш (Вергина) и е придружен елемент, речиси, насекаде во Македонија заедно со сонцата. Тоа цвеќе во облик на типична македонска розета е, исто така, соларен симбол.

Со разни стилизации го има во магацините во музеите на Македонија во Скопје на најмалку 130 камени стели, но тие се затворени и непристапни за посетителите. Ората и танците кои ги виделе двајцата посетители, според описот на Пљакас, наликуваат на „тешкото” или на други ора снимени од шведската телевизија.

Во прилог на погоре наведеното, треба да се напомене дека во последните дваесетина години, голем број автори од Македонија и македонската дијаспора објавија бројни дела кои се однесуваат на античката историја на Македонија.

Така, пријателите на Стив Пљакос, академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин се автори на книгите „Придонесот на Македонија на светската цивилизација“, на македонски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2004, 1-346, „Од Панонија до Егеј“, на македонски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2007, 1-196, додека А. Шкокљев, С. Катин и Р. Стефов се автори на книгите „Македонија во античко време“, на англиски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2010, 1-232, и на „Балканот и Македонија“, на англиски јазик „Контура“, Скопје, 2014, 1-306. Исто така, Славе Николовски-Катин го превел од англиски на македонски романот „Александар Велики (Македонски)“ од Урлих Вилкен, „Мисла“, 1988, 1-387.

stiv-pljakas-4

Исто так, бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, пријател и соборец на Стив Пљакас е автор на книгата „Македонска империја“ 356 – 323 п.н.е, која претставува значаен придонес во расветлувањето на ликовите на Филип и Александар Македонски.

Продолжува

slave-katin-44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

One thought on “Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *