ВМРО-ДПМНЕ: Власта крати два милиони евра од буџетот за заштита на животната средина.

Криминалната влада на Зоран Заев има пари за СЀ само за потребите на граѓаните НЕ .

СДСМ од опозиција ВЕТУВАШЕ :

-Зголемување на инвестициите за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот, а од позиција на власт крати 2 милиони евра од буџетот наменети за заштита на животната средина.

Човекот кој дрско одеше и ветуваше квалитетен амбиентален воздух, СЕГА, на крај памет не ја става животната средина како една од приоритетите на граѓаните.

Две години подоцна, откако Зоран Заев ги изманипулира граѓаните, наместо за подобрување на квалитетот на воздухот, парите на граѓаните ги троши на милионски тендери во четири очи, за набавка на луксузни производи, цвеќиња за владата од 670 илјади евра, кафе за 40 илјади евра, морам да ги споменам и фантастичните 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти.

Од друга страна, Мерните станици за квалитетот на воздухот на повеќе локации не функционираат, а во буџетот нема пари за нови.

Но, владата треба да знае дека  тоа што на места нема мерни станици не го менува фактот дека воздухот е загаден.

Град Скопје, а и други градови од внатрешноста, кои минатата година уриваа рекорди во загаденост на воздухот,  ниту оваа зима нема да ги заобиколи овој проблем, бидејќи власта не направи ништо од тоа што го ветуваше.

Министерството за животна средина,  кое е најповикано во однос на овој проблем, година и пол НЕМА НАПРАВЕНО НИШТО за животната средина,  нема активности,  нема нови проекти,  а дури и голем дел од планираните проекти се одложени.

ИПА проектите доцнат, а најклучните, како двете регионални депонии се доведени под знак прашање. Може да се случи поради несериозниот пристап и непрофесионалност на градоначалниците од СДСМ, да се изгубат повеќе од 50 милиони евра.

Тука, да не го заборавиме и проектот за колекторот за Охридското езеро кое во исто време наговестува голема загриженост,  а токму ВЛАСТА нема ниту денар, ниту идеја како да се почне со овој проект.

Со ветувањата дека ако почнеме преговори со ЕУ ќе добиеме многу средства со компензационите фондови, се поставува прашањето каде и како ќе ги потрошат, кога не знаат да ги искористат ниту овие што СЕГА им се на располагање, а очигледно сето тоа е заради немањето ни идеја нити пак стручност за понатамошна реализација.

Ако не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ немаше да ги има ниту пречистителните станици во Берово, Гевгелија, Волково, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп, Карбинци, Ново Село, а и многу други проекти за кои имаме подготвено техничка документација.

Тоа е разликата :

Во искрената посветеност,  професионалност и желба за подобра животна средина на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ,

и

Карактеристичните лажни ветувања без реализација, но и без срам за нивно нерелизирање од страна на СДСМ.

Токму затоа ОВАА НЕОДГОВОРНА ВЛАСТ МОРА ДА СИ ЗАМИНЕ !!!

One thought on “ВМРО-ДПМНЕ: Власта крати два милиони евра од буџетот за заштита на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *