Писмена реакција за случувањата во Грција

Почитувани,

Политиката на две лица во Грчката Влада се засилува после предавничкото гласање во Македонското Собрание. Ципрас го поздравува стартот на Уставните измени во Македонија, а Каменос се заканува дека ќе ја турне Грчката Влада пред евентуалната ратификација на Договорот Заев-Ципрас во нивниот Парламент. Коsијас како директен егзекутор на Договорот мистеризно си замина од Грчката Влада, радикалниот Каменос кој не сака воопшто да слушне за можноста Македонија да биде содржана во решението за името, Ципрас го задржува. Каменос како Министер за одбрана во Пентагон констатира дека Договорот Заев-Ципрас е политички мртов и промовира Балкански безбедносен коридор во кој ја вклучува Македонија, како спротиставување на Руското влијание, а се подготвува да ја посети Москва како претходница на Ципрас.

ОФИЦИЈАЛНА АТИНА ПОВТОРНО ИГРА ВАЛКАНО! ЦИПРАС ЈА ЛАЖЕ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ДЕКА ЌЕ ЈА ПОМИНЕ РАТИФИКАЦИЈАТА ЗА ДА ГО ДРЖИ ПРИТИСОКОТ КОН ЗАЕВ. НЕ ПОСТОИ НИКАКВА РЕАЛНА ОСНОВА ДА ИМ СЕ ВЕРУВА НА ГРЦИТЕ ДЕКА ЌЕ ГО ПОЧИТУВААТ ДОГОВОРЕНОТО. НЕ ЈА ПОЧИТУВАА ВРЕМЕНЕТА СПОГОДБА И ЗАТОА СЕ ОСУДЕНИ ОД ХАШКИОТ СУД.

Македонските пратеници кои се уште веруваат во шарените лаги на Заев, Димитров и Шекеринска дека нивното велепредавство е гаранција за експресна евроатланска интеграција на Македонија, нека го слушнат Мицотакис, следниот Грчки Премиер кој тера кампања со ветување дека ќе го спречи Договорот Заев-Ципрас. Македонските пратеници на кои ќе им бидат сервирани амандманите со кои ќе се врши обезличувањето на Македонија и Македонскиот народ нека погледнат како нашите браќа и сестри од Егејска Македонија во Леринското село Пателе, во саботата беа држени во заложништво од неонацистите од Златна Зора кои сакаа да спречат еден Македонски културен собир. Е со амандманите ќе треба да го избришите историскиот факт дека таму живеат Македонци!

ПРАТЕНИЦИТЕ СО ВРЕМЕ НЕКА СЕ ОСВЕСТАТ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ГИ ТЕРААТ ДА ГО ОБЕЗЛИЧАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС НЕ ПОМИНУВА ВО ГРЦИЈА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *