Обраќање до Македонскиот народ

Драги браќа и сестри,

ГЛАВАТА ГОРЕ! НЕ ОЧАЈУВАЈТЕ! БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОМИНАЛ НИЗ МНОГУ ИСТОРИСКИ ПРЕМРЕЖЈА, ЌЕ ГО ПРЕБРОДИМЕ И ОВА ПРЕДАВСТВО! СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО! ТОЈ ШТО ПОЛИТИЧКИ ЈА СИЛУВА ВОЉАТА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД, ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА СИЛНО ЌЕ МУ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА!

Велепредавниците Заев, Димитров и Шекеринска заедно со своите спонзори никогаш повеќе немаат право да ни беседат за некакви европски вредности и стандарди. Се е дрска лага и промоција на двоен морал. Тие што ги обвинуваа за тероризам, за насилно уривање на Уставниот поредок на Република Македонија и обид за нивно убиство, од вчера им станаа коалициони партнери. Кој сега ќе им верува? Кој ќе верува дека немакедонската Влада не се меша во судството, дека не врши притисоци или дека не ги ставала луѓето пред избор предавство или затвор?

И покрај пелинот во нашите души, треба да бидеме рационални! Сега работите ќе бидат извадени до крај на виделина. Сите лаги ќе бидат целосно разобличени. И оние што се во заблуда и го поддржуваат Договорот Заев – Ципрас ќе се соочат со реалноста кога ќе видат амандманите. Ќе видат колку многу ќе боли! Не случајно Заев се служи со подмолни лаги дека бил согласен за прифати амандмани кои ќе го зајакнеле Македонскиот идентитет. Па нели не убедуваа дека со кукавичкиот договор ова е затворено прашање? Лага до лага!

Сите пратеници ќе имаат нови 100 дена да разберат дека Грција ги влече за нос и бара да изгласаат обезличување на Македонскиот народ и повторно да не понижат. Сите пратеници ќе имаат нови 100 дена за сопствено преиспитување, вреди ли за фотељите, привилегиите и кариерите на тројца предавници да одат спротивно од вољата на Македонскиот народ. Доаѓа моментот на вистината!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *