„Оние кои ја заведуваат македонската јавност говорејќи дека можат да обезбедат европска иднина за своите деца без компромисите кои преспанскиот договор ги бара, не и прават услуга на својата земја“, рече заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер на денешниот Белградски безбедоносен форум.
Својот говор на темата „Зајакнување на замаецот на Балканот“ Палмер го почна со состојбата во Македонија и значењето на членството во НАТО.
-Како и ЕУ и НАТО е организација во која мора одредени стандарди да се исполнат. Црна Гора го потврди фактот дека со политичка желба, кога некој тоа го сака, може да влезе во една таква организација. Се надеваме дека тоа ќе биде случај и со Македонија следната година. НАТО веќе ја повика Северна Македонија да се зачлени во НАТО и преговорите ќе започнат наредната година, рече Палмер.
Тој во продолжение на говорот потенцираше дека „битно е да се подвлече дека европската иднина бара од Македонија и од Грција Договорот од Преспа да се прифати и во потполност. Да се исполни. Нема алтернативно решение, нема Преспа плус, нема нешто што не чека зад некој агол, доколку македонското Собрание не го изгласа со двотретинско мнозинство овој договор„
Наведувајќи дека во овој момент македонското Собрание расправа за потребните уставни измени, Палмер прати порака до македонските лидери „да мора да се издигнат изнад политичките поделби, бидејќи ваква историска можност нема повторно да се случи. Баравме од раководството на ВМРО ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да можат да гласаат според совеста, без грижи дека ќе имаат негативни последици после тоа.“
Тој уште еднаш изрази надеж дека следната година ќе може да го поздрави влезот на Македонија во НАТО, а во врска со денешната седница во македонското Собрание, Палемер изјави дека „САД не се вклучени во политичкиот процес што го прати Преспанскиот договор, но јасно и гласно го подржуваме овој договор и на ова треба да реагира и македонското Собрание “.
Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер говорејќи за состојбата во регионот рече дека Вашингтон ги повикува Белград и Приштина да ја видат “историската можност” и да постигнат договор за “двете страни да бидат победници”.
-Ако некој е победник, а некој е губитник, тогаш никој не победува, рече Палмер во своето обраќање пред Белградскиот безбедносен форум.
Според него, САД не вршат притисок и не се залагаат за било кој одреден исход од дијалогот Белград-Приштина, како и дека САД се подготвени да слушаат и да помогнат, но дека не може да зборува за деталите, првенствено за можната размена на територија, бидејќи не е изнесен ниту еден план.
„САД ја сфаќаат загриженоста дека можната размена на територии може да предизвика криза на други место во регионот, но додаде дека нерешениот конфликт, замрзнатиот конфликт “, исто така е ризик по регионалната стабилност.