Почитувани,
Никос Коsијас не пропушти пред Советот за надворешни прашања на ЕУ повторно да ги испорача Грчките средновековни уцени и закани. Според него „Скопје требало да разбере дека нема решение без ратификација на преспанскиот договор“. Грчкото лицемерие и ароганција е повторно на сцена! Павлопулос, Мицотакис, Ципрас, Коsијас и Каменос се тие кои мора конечно да разберат дека Македонскиот народ за нивните ирационални, националистички барања за обезличување на 30-ти септември им одговори: „NO PASARAN“! Тоа е реалност која мора да ја прифатат! ДОСТА е од понижувања! Во 90-те ни сменија Устав, ни го избришаа сонцето од „Кутлеш“ од знамето, се потпиша Времена спогодба, ни ставија срамна референца БЈРМ, а Грција упорно не блокираше на патот на нашите евроатлански интеграции!
Грција за своето хегемонско однесување кон Македонија е осудена од Меѓународниот Суд во Хаг. Со пресудата е констатирано дека Грција ги прекршила меѓународните обврски што ги преземала со Времената спогодба! Нивното вето на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 е бесправно!
Нема потреба од ширење паника и песимизам. И без кукавичкиот договор Заев-Ципрас на сила се сите меѓународни правни механизми за брза интеграција на Македонија во НАТО Алијансата. Меѓународните сојузници треба да обезбедат само доследно почитување на Времената спогодба и Македонија може да стане веднаш полноправен член на Алијансата со привремената референца БЈРМ. Преговорите за името под покровителство во ООН ќе продолжат за разликата која Грција ја има со нашето Уставно име. Ништо повеќе!
Македонската Алијанса има разбирање за положбата во која се наоѓаат дел од опозициските пратеници и нивните семејства. Не е едноставно да се биде дел од реваншистички прогон на немакедонската Влада и тоа за тероризам. Изродите на Македонскито народ се политичко минато! Заев, Димитров и Шекеринска се развластени! Брзо ќе стигне фактурата за нивната политичка одговорност за сето насилие кое му го прават на сопствениот народ!
УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЗА НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА, ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ИЗБЕРЕ НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ И РАМНОПРАВНО ДА ПРЕГОВАРА СО ЕУ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА