Писмена реакција за уцената на БЕСА и Алијансата на Албанците

Почитувани,

 

Има ли некој во немакедонската Влада кој го пече гризе совеста? Има ли барем еден од пратениците на владејачката коалиција кој ќе каже АМАН ДОСТА Е! Изгласаа Закон за двојазичност, предавнички договори со Бугарија и Грција, и тоа не е доволно! Сега Касами и Села им испорачуваат на Заев, Димитров и Шекеринска нова уцена! Ќе предлагале и тие Уставни амандмани за изедначување на Македонскиот и Албанскиот народ! Има ли крај на предавствата на Татковината! Кој стигне го понижува Македонскиот народ! На крај ќе испаднеме гости во сопствената земја! Има ли некој во владејачките партии што ќе се одважи и ќе ги повика Албанските политичари да престанат да ја доживуваат Македонија како нивни плен? Каде се Заев, Димитров и Шекеринска да реагираат? Каде е ДУИ да излезе со осуда на ваквиот став? Нели Законот за двојазичност беше последното нивно барање со кое наводно целосно се заокружувал Охридскиот Рамковен Договор? Што е следно, Ахмети тркајќи се со Села и Касами ќе побара бинационална надворешна политика? Кога ќе престане ова лудило и силување на Македонскиот народ? Ова ли се ЕУ и НАТО вредности за кои наводно се залага немакедонската Влада? Вака ли ја замислуваат Европска Македонија?

 

Албанскиот политички фактор ги потценува нашите сограѓани Албанци. Резултатите на референдумот го покажуваат тој факт! И нив им е доста од националистичката реторика типична за 90-те години од минатиот век. Сакаат да живеат подобро и да им се решат нивните економски проблеми. Албанскиот политички фактор ќе може да изнесува вакви радикални барања тогаш кога некој од нив кога ќе побара од Албанската Влада да го признае Уставното име на Република Македонија и унапредување на правата на Македонците кои живеат таму.

 

УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО БУНИЛО! ТРАГААТ ПО МНОЗИНСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ОДБИ НИВНОТО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ РАЗВЛАСТЕНИ! ТОА Е РЕАЛНОСТА! СЕГА ИМ СЛЕДУВА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ! ОД ТОА ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, НЕМА БЕГАЊЕ!

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *