Јубилеј: 25 години Македонски телефонски именик

25 години „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 28 септември, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по јубилеен 25-ти пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа и многу преставници од општествените и културните организации на македонската заедница во Нов Јужен Велс и Канбера.

jubilej25-1

Присутните ги поздрави Претседателот на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ за НЈВ, господинот Џошуа Шерман.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2017 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2017 година, за натпросечни деловни резултати ја доби познатиот македонски бизнисмен  господинот Саше Петровски, сопственк на компанијата, „Smartline“  од Сиднеј. Покрај него номинирани за оваа висока награда беа: господинот Крсте Наумовски, сопстевеник на  Kn cleaning and maintenanceгосподинот  Тони Димитровски Џејмс, сопственик на Sabton son  од Сиднеј и господата Тоде и Билјана Пеовски, сопственици на „Superior Paper“.

Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2017 година, го доби ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­ Македонското Добротворно Здружение на НЈВ, од Порт Кембла, за  општествени дејности, а номинирани за ова признание беа и господинот Крис Каранфиловски, кореограф во КУД „Илинден“ од Сиднеј, КУД, „ИЛИНДЕН“ од Западен Сиднеј, како и КУД „Разиграна МАКЕДОНКА“ од Квинбијан.

Наградата за животно дело ја доби Господинот Златко Настевски од Сиднеј.

jubilej25-2

По повод дваесет и пет годишниот јубилеј, Македонскиот телефонски именик им подари кристални часовници со посвета на оние бизнисмени, кои што 25 години се рекламираат во Именикот.

Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосфера. Присутните ги забавуваа музичката група “Без име“, а во забавниот дел настапи и танчерката со битолско потекло, Магда.

Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *