Писмена реакција за ставот на Зоран Заев

Почитувани,

Немакедонската Влада е во паника! Сите анкети им потврдуваат дека на фер и слободно гласање, референдумот нема да им успее! Македонскиот народ веќе го одби предавството на Заев, Димитров и Шекеринска, а тие тој факт не можат да го прифатат.

Ставот на Заев дека Македонците кои ќе го бојкотираат референдумот не се бројат е скандалозен и трагичен! Зарем, воздржување од гласање не е став? Впрочем, зошто тогаш во Уставот и Законот за референдум е предвиден цензус?

Македонската Алијанса го повикува Заев да одговори, зошто во 2004 година кога тој беше пратеник а на референдумот за територијалната организација повеќе од 480 илјади гласачи беа против предавничкото сценарио на СДСМ и ДУИ за редефинирање на општините, не беше уважена недвосмилената воља на Македонскиот народ, туку тогашното владејачко мнозинство продолжи да го спроведува своето предавство? Зошто тогаш Заев гласаше против сопствениот народ? Зошто тогаш кога СДСМ повикуваше на бојкот со „некои прашања не заслужуваат одговор“, тие што бојкотираа се броеја, а сега во недела НЕ?

СРАМ И АРАМ НЕКА Е! За сите зулуми од минатото НА ПРЕДАВНИЦИТЕ ќе им биде испорачана фактурата во недела!

СИТЕ СЛОБОДУМНИ МАКЕДОНЦИ КОИ ВИСТИНСКИ СИ ЈА САКААТ ТАТКОВИНАТА, КОИ НЕ СЕ УЦЕНЕТИ, ВО НЕДЕЛА НЕМА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ!

А ЗАЕВ НЕКА НЕ ГИ БРОИ, САКАЛ ИЛИ НЕ, ТИЕ ЌЕ МУ ЈА ИСПОРАЧААТ ПОЛИТИЧКАТА КАЗНА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

 

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                           Претседател,  

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *