Во присуство на претставници од грчкото МНР, советници на грчки политичари, дипломати и голем број новинари, во организација на Канцеларијата за врски на Република Македонија, во Атина се одржа прием по повод 27 – годишнината од независноста и 74 – годишнината од државноста на нашата земја. Приемот воедно беше и проштален за македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, кој го завршува четиригодишниот мандат во грчката престолнина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на приемот одржан во хотел во центарот на Атина, присуствуваа генералниот секретар од грчкото МНР како и неколку директори од Министерството, советникот на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис и еден од советниците за надворешна политика на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
На овогодишниот прием организиран од канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција имаше и голем број претставници на медиумите, како грчки новинари така и странски дописници.
Во поздравното обраќање до присутните, Ангелов говореше за неговото лично искуство во Атина, рече дека двете земји имаат заеднички стратешки цели, кои не се однесуваат само на НАТО и ЕУ, туку и на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот каде што треба да преовладува соработката, а не конфронтацијата.
– Наздравувам во чест на соработката меѓу нашите земји и пријателството меѓу нашите народи, рече Ангелов на крајот од неговото кусо обраќање.
Во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот амбасадор во Грција, на два месеца пред завршувањето на мандатот ги резимира впечатоците и искуствата. Неговиот четиригодишен мандат во грчката престолнина го одбележаа мигрантската криза, политички промени и во двете земји, започнување ново поглавје во македонско – грчките односи, преку мерките за градење доверба и интензивирање на разговорите за името, кои кулминираа со потпишување на Договорот од Преспа.
Ангелов вели дека периодот на мигрантската криза, „беше периодот во кој ние како две општества учевме и само се потврди колку всушност, прво не се познаваме, а второ колку ни недостига правна и практично поставена рамка за комуникација и соработка“.
– Буквално моравме во од да надминуваме правни дупки и непостоење на практични канали на комуникација на ниво на органи на прогон, односно МВР, гранична полиција, безбедносни органи. Нешта кои мораа во од да се решаваат, бидејќи над 20 години тие беа жртва, беа ставени настрана поради прашањето за името, особено што овде во Грција, до пред некое време, пристапот беше прво да се реши прашањето со името па потоа ќе градиме соработка. За среќа тој период со мигрантската криза коинцидираше со процесот на мерките за градење доверба со кои што конечно се воспоставуваа тие канали за комуникација и соработка во сите области, вели Ангелов.
Додава дека процесот на градење доверба доби политичка димензија „видена во тоа дека требаше да се гради и политичка доверба на највисоко ниво“.
Македонскиот амбасадор во Атина вели дека неговиот впечаток е дека се работи за две општества кои во суштина минимално се познаваат, особено во случајот на Грција во однос на Македонија.
– Во овие четири години во кои навистина многу работи се подобрија од практична гледна точка, се разбира и на политички план, останува многу простор да се работи со јавноста и едноставно таа јавност да се ослободи од тој ментален склоп дека не треба да чека на одобрение од политичарите да соработуваат со другата страна што е особено поизразено тука, поради тоа поголемо непознавање за тоа кои сме и што сме. Тоа е некоја инерција, особено останата од времето кога односите беа покомплицирани и понегативни за разлика од последните неколку години кога имаме тренд на подобрување, коментира Ангелов.
Сепак, тој додава дека во последниот период забележува послободна и непосредна комуникација меѓу министерствата од двете земји, меѓу градови, меѓу државни компании, а како пример ја споменува изградбата на гасоводната врска, тема за која постои редовна комуникација.
Wow, marvelous blog format! How long have you been running a blog for?
you made blogging look easy. The total glance of your web
site is excellent, as well as the content!
You can see similar here dobry sklep
Very good article. I will be experiencing many of these issues as well..
I saw similar here: Sklep internetowy
Hello! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying to get my blog to
rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
If you know of any please share. Thank you! You can read similar art here:
Dobry sklep
It’s very interesting! If you need help, look here: ARA Agency
Hello! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get my site to rank for some targeted keywords
but I’m not seeing very good results. If you know of any please share.
Kudos! You can read similar text here: Backlink Building
Howdy! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get my
website to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
If you know of any please share. Many thanks! I saw similar
article here: GSA Verified List
Wow, marvelous weblog layout! How lengthy have you ever been blogging for?
you made running a blog look easy. The overall glance
of your site is excellent, as well as the content material!
You can see similar here e-commerce