СЕМАКЕДОНСКИ ДОНАТОРСКИ КОКТЕЛ ВО ТОРОНТО
Македонците даруваа над 145.000 канадски долари за подршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември 2018 година.
*****
Загрижени за состојбата во татковината Македонија, на две недели пред најавениот референдум, а со цел и единствена порака до Македонците во целиот свет за бојкот на истиот, македонските здружени патриотски организации од Торонто одржаа семакедонски донаторски коктел.
Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно двжењ за Човекови права со седиште во Канада и Македонското патриотско здрушение Андон Лазов Јанев-Ќосето.
Целиот настан беше помогнат од македонски бизнисмени, покровители на вечерта кои и овојпат ја искажаа својата несебична љубов кон Татковината.
Прве пред присутните се обрати Боне (Боби) Темелков, Претседател на Светскиот Македонски Конгрес од Канада кој при тоа рече:
– Светскиот Македонски Конгрес и македонската заедница во Канада цврсто веруваат дека треба да застанеме на браникот на Татковината, тое е наша патриотска должност и правиме се’ што е во наша моќ овој незаконски референдум да биде бојкотиран од мнозинството Македонци во Македонија и низ целиот свет.
Г-дин Темелковски се осврна и на донаторската вечер од теи март годинава кога беа собрани над 120.000 долари, средства ко беа наменети за помош на над 30 македонски семејства, македонски деца чии татковци и мајки лежат во затворите прогонувани од Македонци.
Средствата во најголем дел процент беа директно пратени до семејствата на уставобранителите, како и за логистичка подршка на протестите во Македонија одржани во минтиот период, истакна г-динот Боби Темелков, додавајќи дека и прославата за денот на независноста во Македонија одржана во Скопје пред македонското Собрание беше целосно покриена со средствата од македонската заедница во Канада.
Во салата на Македонската Православна Црква св.Климент Охридски во Торонто пред насобраните се обрати и претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада г-динот Мендо Бакаловски кој меѓу другото рече:
– Денес македонскиот народ е оставен без водство, од една страна тие што се нарекуваат Влада се отворени предавници на се’ што е македонско. Предавници на илинденска Македонија, на асномска Македонија, на Егејска Македонија, на Пиринска Македонија, на Мала Преспа и воопшто на цела Македонија!
Македонскиот народ ќе истрае во оваа борба и референдумот ќе биде масовно бојкотиран. Денес доаѓаат душмани од цел свет и го убедуваат македонскиот народ да гласа за референдумот. Но, нашиот народ ја знае својата чесност и нема да дозволи да ја изгуби државата на мирен начин. Ние, Обединетите Македонци стоиме цврсто зад претседателот Иванов, рече во својот говор г-динот Мендо Бакаловски и додаде дека референдумоте нелегален, нечовечки, но се надеваме дека народот ќе истраее и нема никогаш да дозволи Македонија да го смени своето име Република Македонија.
На донаторскиот коктел се обрати и протаставрофор Илија Донев, свештеник во македонската православна црква Св. Климент Охридски од Торонто, Тој меѓу другото истакна:
– Со договорот што го направи оваа Влада со Бугарија ние им подаривме цел еден милениум од нашата историја, а со договорот со Грција им подаривме многу, цел еден народ да се откаже од својаѕа историја и минато и доколку овој референдум помине, тогаш ние самите Македонци ќе се откажеме од себеси.
Овој референдум ние како свесни Македонци треба да го бојкотираме, да си дадеме себеси шанса да опстоиме понатаму во историјата како народ, како Македонци, нашата црква како македонска, бидејќи ако нема македонски народ, нема ниту потреба да постој македонска црква.
Народот наш ја формира таа црква за да си ги негува своите национални чувства, својата култура, јазикот македонски, ако ја изгубиме и нашата Црква, тогаш се’ сме изгубиле, рече во своето обраќање до Македонците во Торонто отецот Илија Донев.
Со најостри критики и повици за бојкот на референдумот на 30 септември се обрати и претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со седиште во Канада г-динот Бил Николов.
Тој ги повика Македонците да бојкотираат и да не се појавуваат на 30 септември на референдумот, зошто секое појавување ќе може да биде изманипулирано од власта. Бојкот со цел да се одбранеме и останеме тоа што сме, Македонци.
Македонската заедница во Канада за подршка на кампањата на македонските патриотски здруженија во Македонија за бојкот на најавениот референдум со бра над 145.000 канадски долари.
12 септември 2018 година
ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО ПОДАРУВАМ 100.000 ДОЛАРИ
*****
Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100.000 долари, рече Крсте Ивановски, најголемиот македонски дарител од Канада и секретар на СМК Канада, познат бизнисмен во својот емотивен говор до Македонците во Торонто.
– Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш. Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја; кој му дава право да го избрише еден од најстарите народи во светот? Замислете, ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и македонскиот народ, рече Ивановски и додаде: – Ја слушаме сегашната Влада како се обидува да го убеди македонскиот народ дека мед и млеко ќе течело само да помине овој Договр!
Европската унија да одлучи да се прошири за десет години, Македонија пак нема да биде дел од неа.
Зборот Македонија се форсира во кампањата, а после тие истите ќе те казнат за негова употреба.
Господин Крсте Ивановски потоа јавно се запраша: На кого да му верува овој македонски народ, на премиерот што беше осуден на затворска казна па амнестиран од претседателот, што е дел од неговата партија, или на премиерот што се гледа на снимка како бара мито?
Или на премиер што пред изборите не се сретна со ниту една македонска организација во дијаспората?
На тој што рече дека доколку изгуби на изборите ќе си даде оставка? На тој што рече дека Св. Кирил и Методиј се дел од заедничката историја со Бугарија? На тој што на секое надворешно интервју му е срам да го спомене зборот Македонија? На тој што секој збор му е лага? Или на тој што се колкнеше во своите деца дека нема да го смени името? Нему ли да му верува македонскиот народ, тој ли ќе ја носи Македонија напред?
Како Македонци сите сме за бојкот. Дел од нашата одговорност овие денови е да им се јавуваме на нашите роднини и да им кажуваме за штетноста од договорот со Грција!
Во Македонија сега им се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и од моето семејство подарувам 100.000 долари, рече г-динот Ивановски, кој беше поздравен со овации и ракоплескања од присутните на семакедонскиот донаторски коктел.
Excellent article! I appreciate the thorough and thoughtful approach you took. For more details and related content, here’s a helpful link: LEARN MORE. Can’t wait to see the discussion unfold!