Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска оцени дека организацијата за спроведување на референдумот на 30 септември се одвиваа без проблеми и дека Комисијата се држи до зададените рокови.
– Околу она што е надлежност на ДИК, а тоа е организација и спроведување на референдумот, можам да кажам дека ние ги преземаме сите мерки за добра организација, се држиме за роковите кои си ги зададовме како Комисија и досега немаме никакви проблеми од тој аспект, рече Дерковски по денешната седница на Комисијата.
Тој смета дека доколку членовите на Комисијата продолжат да работат на овој начин нема да имаат организациски и проблеми за спроведување на референдумот на самиот ден на гласање.
Дерковски потенцираше исто така дека овој состав на ДИК драстично ги намалил трошоците за организирање на гласачкиот процес и кампањата.
Согласно Законот, ДИК во соработка со НДИ утре ќе ја започне јавната информативно-едукативна кампања која ќе содржи повеќе видео спотови што ќе бидат емитувани во медиумите. Кампањата ќе се одвива под мотото „Твој став, твое право“.
This piece provided a lot of valuable information and was very well-written. Let’s chat more about it. Check out my profile for more related content.