Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е симбол на пријателството на народите

Договорот од Преспа е од историски карактер, симбол на пријателството на народите и целосно ја менува сликата на Балканот, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „247“.

Одговарајќи на прашањето дали Владата, поради закажаните протести за сабота во Солун и евентуалната масовност, би можела одново да го разгледа Договорот, Ѕанакопулос вели дека Владата ги слуша и ги почитува несогласувањата, реакциите, протестите, „но не постои никаква можност, под никакви околности да ги промени веќе донесените политички одлуки“.

– Мислам дека Договорот со поранешната југословенска Република Македонија е од историски карактер, симбол на пријателството на народите и за начинот на кој треба да се решаваат билатералните и меѓународните спорови. И мислам дека се повеќе луѓе, како што поминува времето, ја разбираат оваа посебност на Договорот, вели Ѕанакопулос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, уште еднаш изрази убеденост дека Договорот ќе добие широко мнозинство во грчкиот Парламент.

– Веќе постојат доста политички сили и Река, но и доста пратеници од Движење на промена, кои имаат кажано дека ќе задржат позиција заснована на принципи.  Според тоа, позитивно ќе гласаат за Договорот. И ова е за почитување. Па така, апсолутно немам никаква загриженост дека ќе успееме да имаме едно доста широко мнозинство во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот со ПЈРМ, објаснува Ѕанакопулос во интервјуто за грчкото радио, пренесе МИА

16 thoughts on “Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е симбол на пријателството на народите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *