Министерството за образование и наука (МОН) вечерва, преку соопштение до медиумите, апелира Алијанса за Албанците да не шири невистини и лажни вести поврзани со откупот на учебниците, туку ако има каква било основа, да поднесе пријава до надлежните институции.
– Договорите со издавачките куќи за откупот на учебници се во целосна согласност со позитивните правни прописи во земјата. И оваа година, како и изминатите, почнувајќи од 2009-та, спроведовме единствена законска постапка за откуп на учебници во основното и средното образование во целосна согласност со законските решенија. Оваа постапка се спроведува од учебната 2009/2010 година до оваа учебна година 2018/2019, наведува МОН.
Откупот на учебници, според МОН, е спроведена од страна на сите министри кои биле во периодот од донесувањето на Законот за учебниците во основно и средно образование, од 2008 година до денес.
– Станува збор за периодот кога со Министерството за образование и наука раководеле Никола Тодоров, Панче Кралев, Спиро Ристовски, Абдулаќим Адеми, Пиштар Љутфиу и Рената Дескоска. Единствената разлика е што оваа година при преговорите со издавачките куќи, постигната е откупна цена која е за 40 отсто пониска во однос на минатите години за учебниците кои се откупени за целосен тираж.
Имајќи ги предвид транспарентноста, отчетноста и одговорноста, МОН, како што соопшти, им стои на располагање на сите граѓани, граѓански организации, политички партии и чинители, за доставување дополнителни и детални информации.
– Вратите се отворени и стручните служби во секој момент се подготвени да одговорат на сите лажни обвинувања, какви што изнесе денеска опозицијата, подвлекува МОН.
Excellent content! The way you explained the topic is impressive. For further details, I recommend this link: EXPLORE FURTHER. What do you all think?