Венко Андоновски на Саем на книгата во Москва и на книжевен портрет во Јасна Полјана

Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели), Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва, со книгата „Азбука за непослушните“, преведена на руски јазик од Олга Панкина.

На 8 и 9 септември, во Јасна Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе говори Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, кој и го номинираше романот „Папокот на светот“ за престижната светска награда.

Со номинацијата, Андоновски е еден од двајцата писатели од сите словенски книжевности (покрај Драго Јанчар од Словенија), кој се најде во друштво на далеку пославни светски конкуренти: Каѕуо Исигуро и Јан Мекјуан од Велика Британија, Тони Морисон и Мајкл Канингем од САД, Џонатан Литл од Франција, Амос Оз од Израел, Маргарет Етвуд од Канада, неколку важни автори од Германија и од многу поголеми јазични средини.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен идниот месец.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *