Писмена реакција за интервјуто на Бугарскиот Академик Георги Марков

Почитувани,

 

Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска да престанат да ги распродаваат Македонските национални интереси. ДОСТА Е! Склучуваат штетни договори со Бугарските и Грчки власти кои уште посилно го негираат Македонскиот национален идентитет. Не само што се откажаа од нашите браќа и сестри во Грција и Бугарија, туку веќе мораат да се извинуваат што Илинденското Востание е Македонско. Каков СРАМ и ПОНИЖУВАЊЕ!

 

Јавно прашуваме! Со кого ќе градат добрососедски односи? Со Бугарски академици кои не нарекуваат Скопски фалсификатори и тврдат дека Гоце Делчев и Даме Груев се Бугари? Ако е толку добар Договорот каде е Бугарската Влада да се огради од ваквите скандалозни ставови? Единствен одговор на овој Бугарски национализам и негирање на Македонскиот идентитет е Македонија еднострано да го раскине овој штетен Договор, согласно член 13, точка 3, од истиот. Така се бранат националните интереси!  

 

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ШТЕТНА ЗА ИДНИНАТА НА ТАТКОВИНАТА!

 

Договорот Заев – Ципрас ниту го признава ниту го гарантира Македонскиот национален идентитет. Напротив, не прави народ без историски корени! За Грците сме „северномакедонци“ и нема гаранции дека ќе го прифатат Договорот. Овие факти не можат да се сменат со ниту една кампања на предавничката Влада! Заев, Димитров и Шекеринска немаат никакви гаранции дека нивниот кукавичлак ќе не внесе во ЕУ.

 

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ! ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ВОДИ НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

 

                      МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                         Претседател,  

                                                                                Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *