Писмена реакција за лидерската средба

Почитувани,

 

Вчера кулминираше нервозата на немакедонската Влада. Соочени со притисокот за ветувањата дека по секоја цена и набрзина ќе го спроведат велепредавството, Заев, Димитров и Шекеринска го губат трпението. Нивната цел е јасна, ќе сторат се’ што е неопходно за да ја фалсификуваат вољата на Македонскиот народ. Секој кој инсистира на доследно почитување на Уставот и законите за нив е непријател.

 

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ бадијала си го трошат времето да договораат референдумско прашање и карактер на референдумот. Опозицијата мора да разбере дека предавниците се подготвени да ги искористат сите методи да ја поделат одговорноста за нивниот кукавичлак. Само уценети политичари, изроди на Македонскиот народ и велепредавници може да помислат дека успешно ќе организираат лажен референдум за промена на Уставното име!

 

САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА КАДАРНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

 

Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска . Македонскиот народ претходно требаше да одлучи за судбината на преговорите. Сега е доцна и единствено решение се предвремни парламентарни избори.

 

Добро е што Заев и Мицкоски се договорија за изборот на ДИК и прифатија дека Техничка Влада ќе ги спроведува сите парламентарни избори. Но, тоа не е доволно! Македонската Алијанса смета дека е нужно да се направи вистинска реформа на Изборниот Законик. Мора да се воведе една изборна единица со отворени листи. Техничката Влада е најдобро да ја води Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари.

 

Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат „северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот. Срамниот Договор Заев – Ципрас е веќе одбиен. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги санкционира предавниците кои пред Специјално обвинителство ќе мора да се соочат со сопствената кривична одговорност за сите постапки против Татковината и сопствениот народ.

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *