Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис од парламентарната говорница упати остри критики и обвинувања до грчката коалициска Влада, за време на расправата во Парламентот за нацрт законот за локална самоуправа.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија рече дека „во Брисел, Ципрас и Каменос, во суштина, на Скопје му го предаваат НАТО- пасошот, откако пред три недели ги отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик“.
Во говорот Мицотакис го цитираше македонскиот премиер од интервјуто дадено за Би-Би-Си.
-На Грците им го дадовме ерга омнес името Северна Македонија, а ние добивме ерга омнес македонски идентитет, рече од збор до збор, господинот Заев во интервјуто за Би-Би-Си. Повторувам, од збор до збор. Јас ви велам, вие сте ерга омнес опасни за интересите на земјата. И престанете веќе да се повикувате на оној смешен аргумент дека наводно го дадовте државјанството, а не националноста. Кажете ми една земја во светот во која сите нејзини жители ќе имаат различна националност и различно државјанство. На Скопјаните им ја дадовте националната одредница „Македонци“, нешто што го имаат отфрлено сите грчки влади во изминатите 27 години, рече Мицотакис.
Лидерот на Нова демократија, го коментираше и ставот на коалицискиот партнер во владата-Независни Грци, велејќи дека во Брисел во пракса се согласиле за Договорот, „ што на зборови го осудуваат и велат дека некогаш во иднина ќе ја урнат владата“, пренесува дописничката на МИА од Атина.
I enjoyed the humor in this piece! For more, visit: FIND OUT MORE. Let’s chat about it!