Писмена реакција за ставот на Талат Џафери за Договорот Заев – Ципрас

Почитувани,

Талат Џафери кој противуставно и антиделовнички ја има узурпирано спикерската фотеља во Македонското Собрание, нема никакво право да ги оценува одлуките на Претседателот Ѓорѓе Иванов.  Господинот Иванов е избран на непосредни избори со повеќе од половина милион гласови и со положена заклетва дека ќе го штити Уставот и законите на Република Македонија. Непотпишувањето на Законот за двојазичност и ратификацијата на Договорот Заев –Ципрас е негова обврска и должност. Така мора да постапува секој кој ја обавува функцијата Претседател на Републиката.

Директорот на Службен весник нека не го фаќа еуфорија дека кадрите на СДСМ се недопирливи. Доколку отиде по паметот на неговите шефови и ги објави Законот за двојазичност и ратификацијата на велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска во Службен весник без потписот на Иванов, нека биде сигурен дека кога тогаш ќе се соочи со сопствената кривична одговорност. Нека не го лажат, и ние сите сме за ЕУ и НАТО интеграција на Татковината, ама не по цената која оваа немакедонска Влада е спремна да ја плати.

Клучната дилема е како Заев, Димитров и Шекеринска мислат да го протуркаат своето предавство на Татковината и Македонскиот народ? На ѓон, со мускули? Не, Не, во заблуда се! Нас ни е јасно дека им е срам и страв да се појават на 70-годишнината од Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, бидејќи се откажаа од нашите браќа и сестри во регионот, но дали ги слушаат пораките од Грција? Каменос вчера уште еднаш повтори дека ќе ја турне Владата на Ципрас и дека нема да ја подржи ратификацијата на Договорот. Како после се’ што се случува ќе го убедат Македонскиот народ дека со нивниот кукавички чин Татковината експресно ќе влезе во ЕУ и НАТО?

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

Македонскиот народ го одби договорот! Сите оние кои се надеваат и си прават планови дека со трикови и политички пазарења ќе ја фалсификуваат вољата на Македонскиот народ, многу се лажат! Помина времето за референдум, сега е време за избори одговорност за изродите на Македонскиот народ! Македонската Алијанса бара реформи во Изборниот законодавство со воведување на една изборна единица со отворени листи и создавање на сите предуслови за фер и демократски предвремени парламентарни избори. Народот ќе си дојде по своето!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА                                                                                                                                   

One thought on “Писмена реакција за ставот на Талат Џафери за Договорот Заев – Ципрас

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *