„Карванот за детство без пречки” во Гостивар

Мини-филмски фестивал со анимирани филмови за промовирање на правата и способностите на децата со попреченост денеска се одржа во Гостивар. „Карванот за детство без пречки” го организираа Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и Скопје филм фестивал, кој е дел од кампањата „Биди Фер“.

Во големата сала на Центарот за култра АСНОМ пред почетокот на проекциите зборуваше и преставникот на УНИЦЕФ, Елзабет Ериксон, која нагласи дека пораките од овие анимирани филмови треба да се применуваат во секојдневниот живот.

– Со кампањата ги промовираме правата и способностите на децата. Сметаме дека секое дете има право на развој, има право на радосно детство и треба да му бидат овозможени сите услови да го даде најдоброто од себе. Филмовите кои денеска се прикажаа за децата во Гостивар зборуваат за тоа како децата може да бидат сакани и да имаат пријатели без оглед на нивните способности, рече Ериксон.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во поздравниот говор истакна дека на оваа категорија деца им е потребна поддршка за да се вклучат во општеството заедно со другите деца.

– Треба сериозно да размислиме за методот на инклузија. Децата кои имаат пречки во развојот треба да се вклучат во институциите заедно со другите деца. Верувам дека во наредните години ќе почнеме да го  применуваме овој метод за децата со посебни потреби, онака како што е практика во развиените земји, рече градоначалникот Таравари.

Претходно, „Карванот за детство без пречки”  помина во Свети Николе, Кавадарци, Битола, Штип и во Кичево.

 

One thought on “„Карванот за детство без пречки” во Гостивар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *