ВАРДАР ГО СМАЛИ ЗАОСТАТОКОТ ЗАД ШКЕНДИЈА

Екипата на Вардар го доби заостанатиот натпревар од 12. коло против Работнички, со што ја смали разликата зад првопласираната Шкендија на 8 бода.

Вардар победи со 1-0, со голот на Барсегјан во 79 минута, кога прими топка на средината на шеснаесетникот и со одмерен удар го совлада противничкиот голман.

За “црвенo-црните” останува само уште една средба до почеток на зимската пауза, онаа од 1/8 финалето на националниот куп против Шкупи.

Табела: Шкендија 46, Вардар 38, Силекс 31, А. Пандев 25, Работнички 23, Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *