Писмена реакција за вчерашните протести пред Македонското Собрание

Почитувани,

 

Македонската Алијанса најостро осудува секаков тип на насилство. Имаме целосно разбирање за гневот на Македонскиот народ од предавничкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска, но никогаш нема да се согласиме дека насилството е начин за одбрана на Татковината.

 

НЕ ГО ТЕПАЈТЕ СОПСТВЕНИОТ НАРОД ЗОШТО СИ ГО БРАНИ ИМЕТО!

 

Недозволиво и кукавички е полицијата по нарачка и со намера да сее страв и да создава психоза да ги тепа Македонците кои патриотски го бранат светото Македонско име и идентитет. Уште потрагично за Македонската демократија е кога насилно се приведуваат новинари кои ги следат протестите. Полицијата треба да ги брани институциите, но пред се’ има обврска да ги брани и штити демократските права на Македонскиот народ. Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија.

 

Драги браќа и сестри Македонци,

 

Како ќе одминува времето актуелната Влада ќе станува се понервозна. Македонците кои го креваат својот глас против нивното велепредавство се потврда за нивната слабост и кукавичлук. Тој притисок не можат да го издржат бидејќи секој ден кога се гледаат во огледало знаат дека ќе бидат запишани на темната страна на историјата. Како изроди на сопствениот народ ќе бидат се повеќе осамени и ќе користат сила, злоупотребувајќи ја власта. Бидејќи се уценети и немаат друг избор ќе се обидуваат да ја фалсификуваат вољата на мнозинството Македонци. Затоа, ве повикувам да бидете внимателни. Да не дозволиме нечии туѓи надворешни агенди да му стават негативен печат на нашето делување за одбрана на Република Македонија. Да не дозволиме инфилтрација на странски слуги. Не постои поголема сила од автентичниот семакедонски отпор кој како пиреј виреел низ историја и ги победил сите премрежја и предизвици за Татковината. Ќе победиме и сега! Го знаеме патот и заедно ќе го изодиме!

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Заев, Димитров и Шекеринска можат да потпишат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца. Македонија била, е и ќе остане Македонија. За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум!  Од предавниците нема да се ослободиме со референдум! За нив има само едно решение – да паднат од власт и да сносат кривична одговорност за своите немакедонски постапки!

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *