Писмена изјава за денешниот настан во Преспа

Драги браќа и сестри Македонци,

 

Денешното потпишување на договорот не е ништо друго туку историско предавство од Заев, Димитров и Шекеринска на сопствениот народ. Нивната лична авантура нема никаква правна важност, ниту е обврзувачка за Македонскиот народ. Единствено, нивните постапки се дебела основа за кривична одговорност за велепредавство, за кое во блиска иднина ќе се занимава Специјално Обвинителство. Присуството и охрабрувањето од Могерини и Хан нека не ве збунува. Тие овој договор сакаат да го прокнижат во своите политички биографии како нивен учинок во решавање на еден дводецениски спор. Ништо повеќе! Тие не можат да бидат емотивни по Македонското прашање како што сме ние. Впрочем, зошто тие би го бранеле Македонскиот народ, кога првенците на актуелната власт, кои треба со срце и душа да ја бранат Татковината, го пуштаат низ вода и го распродаваат најсветото за што Македонските херои низ историјата храбро ги положија животите!

 

             Само изроди на Македонскиот народ може со насмевки и среќни да ставаат потпис на хартија која предвидува продажба на вековното име Македонија, промена на преамбулата, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Гора и Голо Брдо. Само луѓе кои со ќеиф се изживуваат врз сопствениот народ може да веруваат дека е историска придобивка да се преименуваат сите Македонски институции, да се менува историјата и учебниците, да се откажат од сонцето од Кутлеш, да им се даде право на Грците дека се единствени и ексклузивни претставници на античката цивилизација. Не се ни  свесни дека Грците ги пренесоа жедни преку вода. Слепи се дека 70 проценти од Грците се противат на договорот, од кои 49 проценти се гласачи на Сириза. Глуви се на пораката на Каменос кој јавно се обврза да ја спречи ратификацијата на договорот. Но, Заев, Димитров и Шекеринска се подготвени на се’! Уценети се’! За нив нема ништо свето! Ако ја фалсификуваат историјата, ќе се обидат да ја фалсификуваат и вољата на Македонскиот народ! За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Уште од сега е одбиен од Македонскиот народ! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум!

 

             МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Во овој период е клучно да не се потпаѓа на пропагандата на актуелната Влада дека тие што си го бранат Уставното име, се против ЕУ и НАТО. Тоа не е точно! Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Ние не сакаме обезличување и не сме како Заев, Димитров и Шекеринска кои   повеќе би сакале да се Грци или Бугари отколку Македонци! Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Тоа никој не може да ни го одземе!

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                        МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА                                                                                                                                                                  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *