Растот на цената на нафтата на светските берзи не се очекува да предизвика инфлаторни промени, оценува гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.
– За нас како Централна банка растот на цената на нафтата е очекуван. Во фазата на макроекономските проекции ние ги следиме сите тековни движења, очекувањата на аналитичарите, така што цената не е за изненадување, уште повеќе што по неколку години пад на цената на нафтата минатата година покажа нагорен тренд, рече Ангеловска – Бежоска денеска одговорајќи на новинарски прашања во Охрид каде се одржува 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.
Таа нагласи дека нафтата е само една од компонентите што влегуваат во инфлацискиот индекс, која нема директен значаен ефект и самите промени на нејзината цена не би требало да предизвикаат позначајни инфлаторни притисоци.
– Сепак многу ќе зависи колку притисоците од тој ценовен ефект кај нафтата ќе се пренесе на останатите производи па оттаму евентуално да се види некој секундарен ефект. Имајќи ги предвид сите движења и очекувања со цените на нафата, нашата проекција како централна банка за оваа година е двопроцентна инфлација што е во линија и со нашата поставена цел за одржување ниска и стабилна инфлација, потенцира таа.
I enjoyed the humor in this article! For more, click here: LEARN MORE. Let’s discuss!