“ЗЛАТОТО” СЕПАК НЕДОСТИЖНО

Одбојкарската репрезентација на Македонија по трет пат едноподруго не успеа да стигне до златниот медал во одбојкарската европска лига. По извонредните игри и севкупен впечаток кој го оставија нашите одбојкари оваа сезона, во финалето беа преслаби за Украинската селекција, која победи со 3-1 и на тој нашин се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал. Но и второто место е извонреден успех.

Никола Ѓорѓиев, кој пред почетокот на натпреварите беше најубеден дека оваа година златото не ни бега, се чини е и најразочаран.

-Морам да признам дека сосема заслужено загубивме во финалето. Мислам дека не бевме најподготвени, не на физички или технички план, туку пред се психолошки. Можеме само да им честитаме на Украинците-вели Ѓорѓиев.