ЖДРЕПКАТА НАКЛОНЕТА НА “СОКОЛИТЕ”

Калев од Естонија ќе му биде противник на македонскиот претставник во првото коло од ЛШ на ФИБА, Карпош Соколи. Среќата ги посака нашите кошаркари, кои избегнаа дуел со поквалитетни противници и се здобија со реална шанса за пласман во понатамошните квалификациски натпревари.

Инаку, Калев е шампион на Естонија, а до титулата дојде релативно лесно, совладувајќи ја во финалето Рапла со 4-0. Инаку оваа екипа исто така се натпреварува во регионалната ВТБ лига, во која минатата година го освои 11 место со пет победи и деветнаесет порази.