ЖДРЕПКАТА ГИ ПОСАКА РАКОМЕТАРКИТЕ

Женската ракометна репрезентација на Македонија, ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2018 година што ѓе се игра во Франција. Македонија се најде во третата група заедно со селекциите на Србија, Шведска и победникот од претквалификациската група А.

Останатите групи изгледаат вака

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска и Норвешка

Група 2: Италија, Словачка, Полска и Црна Гора

Група 4 :Португалија, Австрија, Русија и Романија

Група 5: Исланд, Словенија, Чешка и Данска

Група 6: Литванија, Турција, Германија и шпанија

Група 7: Квалификант од Б група, Белорусија, Унгарија и Холандија

Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе учествуваат на ЕП 2018 година, кое како што веќе споменавме ќе се игра во Франција од 30 ноември до 16 декември.