Зголемен прометот во индустријата

Прометот на индустријата во февруари годинава е зголемен за 9,7 отсто во споредба со истиот месец лани, при што прометот остварен на домашниот пазар има опаѓање од 7 отсто, а на странски пазари пораст од 13,4 отсто.

Прометот во индустријата во февруари, пак, во однос на претходниот месец е зголемен за 13,4 отсто, а во првите два месеца од годинава пораснал за 8 отсто во споредба со истиот период од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во секторот Рударство и вадење камен во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, бележи пораст од 15,5 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија има  пораст од 9,5 проценти.

Според главните индустриски групи, кај Интермедијарни производи, освен енергија има пораст за 15,4 отсто, а кај Капитални производи за 12,8, додека опаѓање од 5,1 отсто има кај Трајни производи за широка потрошувачка, а од 3 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.