ЗАРЕ МАРКОВСКИ НА ЧЕЛО НА ТРАБЗОН

Откако не успеа да е договори со раководството на бугарскиот првак Лукоил, поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Заре Марковски експресно се договори со турскиот прволигаш Трабзон.

Деталите околу договорот засега не се познати, меѓутоа турските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со квалитетот на нашиот стручњак. Во дел од нив се објавува дека во последните неколку клуба, Марковски не се задржал повеќе од една сезона, а и дека конфликтите со актуелниот претседател на КФМ, Петар Наумоски, го натерале да си замине од федерацијата.

Па и покрај се, ростерот на екипи на чие чело седел Марковски, се разбира тука не се смета репрезентацијата на Македонија, е завиден. Меѓу екипите се: Реџо Емилија, Олимпија Милано, Виртус Болоња, Лимож, Венеција, Јуве Касерта, Лугано и т.н.