ЗАМПАРИНИ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ТРАЈКОВСКИ

Маурицио Зампарини, е незадоволен од учинокот кој македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски го има во ова првенство во дресот на неговиот клуб. Палермо ги задржа сите фудбалери од минатата сезона кога се натпреваруваше во првата италијанска лига, со цел да се врати екпресно во неа. Засега се оди според планот, Палермо е на делба на првото место без загубен натпревар.

Што се однесува до македонците, Несторовски и Трајковски, учинокот е поделен. Илија Несторовски добро ја почна сезоната, постигна четири од деветте голови кои Палермо ги постигна во досегашниот дел од првенството, но Трајковски не го дава очекуваниот учинок.

-Среќен сум како игра дефанзивата и средниот ред, но ни недостасуваат погодоци и мислам дека можеме да се подобриме од таа страна. Фудбалерот од кого многу очекувам, но засега не придонесе многу е Трајковски. Се надевам дека ќе можам да го вратам во формата од пред три години-изјави Зампарини.