ЗАХАРИЕВСКИ ГО ЗАМЕНИ ШЕНСОИ

Срѓан Захариевски е нов тренер на битолски Пелистер. По заминувањето на Наѓи Шенсои, битолскиот прволигаш остана без тренер, па одлуката на раководството беше клубот да му се довери на млад и перспективен тренер, кој и идната сезона ќе обезбеди учество во европските купови.

– Пелистер е клуб со голема и богата традиција. Релативно добро ги познавам фудбалерите, ги следев нивните настапи во Европа, а сега ќе се запознаеме подобро. Откако ќе видам со што конкретно располагам, ќе решам какви засилувања и на кои позиции ќе треба да се донесат. Се надевам дека и во следното првенство ќе успееме да избориме учество во еврокуповите-изјави Захариевски.