Заев – Труеба: Македонија се движи во добар правец

Република Македонија се движи во добар правец на политички план, порачал Алберто Алфредо Мануел Труеба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Аргентина за Република Македонија на средбата со премиерот Зоран Заев и притоа ги поздравил неговите и заложбите на Владата за обезбедување повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните.

На средбата било оценето дека Република Македонија и Република Аргентина споделуваат исти вредности, за подобар живот на граѓаните, нови работни места, развој на економијата и развој на меѓународната соработка.

Констатирани биле добри и пријателски релации помеѓу Република Македонија и Република Аргентина и е изразена заедничка определба за интензивирање на соработката во повеќе области на политички и економски план.

Како што соопшти владината служба за информирање премиерот Заев на средбата истакнал дека сега треба да се работи за да се обезбеди развој на државата и перспективи за граѓаните, како и напредок во евро-атлантските стратешки цели, по надминувањето на политичката криза и демократските промени.

– Посветени сме на економијата, поддршка на претпријатијата, привлекување инвестиции, унапредување на трговските односи со државите од регионот и светот низ пријателската регионална и меѓународна соработка, рекол премиерот Заев на средбата со Труеба.