Од издавање под концесии на природните богаства со кои располага општина Дебар, во текот на минатата година во општинскиот буџет се слеале над 2.440.000 денари.

Станува збор за средства добиени од концесии за искористување гипсена руда и води.

Најголем износ во буџетската каса се слеал од фабриката „Кнауф“ за концесија за експлоатација на гипсена руда и тоа во износ од 1.093.200 денари.

– Веднаш по „Кнауф“ се „Дебарски Бањи-Цапа“ за искорисување на термоминеални води, во износ од 733.700 денари. Од концесија за гипсена руда, од фирмата „Дигипс“ во буџетот се слеани 160 илјади денари. Над 102 илјади денари се од компанијата СЛ„Мај минг“ДОЕЛ Скопје, за добиена концесија за води додека останатите средства за оваа концесија се од компанијата „Планинска вода-Р“, изјави Ќазим Ќормемети, раководител на Секорот за финансии и буџет при општина Дебар.

Средствата добиени по овој основ, оценува тој, се добредојдени, бидејќи се насочуваат во проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните на општината.