Во Никозија средба Попоски – Касулидес

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес на маргините на 127. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржа денеска во Никозија во рамките на кипарското претседателство со Советот.

Како што соопшти МНР, на средбата министрите разговараа за европските интеграциски процеси и важноста на истите во моменти во кои излегувањето на една земја членка може да ги засени прашањата за понатамошно проширување.

– За Рeпублика Македонија е значајно Кипар, како земја-членка на Европската Унија, да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканскиот Полуостров, што ќе придонесе за релаксирање на односите во регионот и намалување на веројатноста за судири или ескалирање на националистичка реторика, било истакнато на средбата, наведува во соопштението МНР