ВО МАВРОВО БЕЗ ТАЛЕСКИ

Младата репрезентација на Македонија во ракомет ги почна подготовките за СП во Алжир во Маврово, под раководство на селекторот Илија Темелковски. Темелковски во овој СРЦ поведе 19 ракометари меѓу кои го нема капитенот Филип Талески, а поради повреда на коленото под посебен режим на подготовки ќе биде Марко Нелоски.

Талески има посебен режим на тренинзи со Рајн Некар, кој поради тоа не е волен да го ослободи за потребите на младата репрезентација.

-Сеуште немаме вести од Талески. Директорот на репрезентацијата Милчо Чакарески ќе се сретне со него и веројатно ќе имаме повеќе сознанија за ситуацијата. Талески сака да игра во Алжир, тој е капитен на оваа селекција – изјави Темелковски.

По завршувањето на подготовките во Маврово, младата репрезентација ќе отпатува за Доха каде што на 10 и 11 јуни ќе бидат одигртани два контролни натпревари со селекцијата на Катар, а во тек е договарањето на натпревар со Словенија.

Светското првенство за ракометари до 21 година ќе се игра од 18-30 јули во Алжир. Во група со нашата селекција се и репрезентациите на Шпанија, Русија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо.