ВМРО-ДПМНЕ: Долговите на РМ рапидно и енормно растат

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска наведува дека од ден во ден долговите на РМ рапидно и енормо растат и оти СДСM успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра.

Граѓаните, како што наведуваат, секој ден се задолжуваат со нови 1,7 милиони евра.

Според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните од оваа Влада за овој период од реформи видоа само долгови.

– Пред неколку дена Тевдовски и Заев, сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра, излегоа на прес конференција каде нафрлија долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористија и обврски кои се уште не се доспеани за наплата, стои во соопштението.

Додаваат дека граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми пари.

– Време е Владата на СДС да одговори на граѓаните на што планира овие пари да ги потроши дали за остварување на дадените ветувања за минималната плата од 16.000 денари, просечната плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, или пак за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници, стои во соопштението.