Велешкиот театар со две награди на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија

Ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес освои награди за најдобра машка и женска улога на 10-тото издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, на кое настапи со претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“.

Од Велешкиот театар информираат дека актерката Зорица Панчиќ е добитник на наградата за најдобра женска улога за улогата во претставата „Театар љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, во која настапуваат и актерките Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова.

Актерот Фаик Мефаилоски е добитник на наградата за најдобра машка улога за улогата на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, во која настапуваат и актерите Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

Претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“ се најнови театарски продукции на Велешкиот театар. ад/рп/13:59

###